
Првото натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во нордиска комбинација се одржа во Рука, Финска.
На него, до првата победа во кариерата дојде Германецот Јулијан Шмид (12:02,2), кој надомести една позиција од скокачкиот дел.
Втората позиција му припадна на првопласираниот по првата серија, Јапонецот Рјота Јамамото (+5,9), кој го поправи своето трчање во однос на минатата сезона.
Подиумот го комплетираше Јенс Лураас Офтебро (+11,0), оставајќи ги зад себе Германците Јоханес Ридзек (+37,1) и Ерик Френцел (+38,1).
Од останатите натпреварувачи, под една минута доцнеа уште: Кристјан Илвес (+40,2), Франц-Јозеф Рерл (+41,8), Марио Зајдл (+42,4) и Лорен Муленталер (+42,9).
Шампионот и вицешампионот од минатата сезона, Јарл Магнус Риибер (+1:21,1) и Јоханес Лампартер (+1:14,6), потфрлија во првата серија и накрај мораа да се задоволат со четиринаесеттото, односно со тринаесеттото место.