Четвртата трка од новата сезона во Мото 2 се одржа во шпанскиот Херез.
Истата целосно помина во знакот на Фабио Ди Џанантонио, кој водеше од почеток до крај и на тој начин ја освои првата победа во категоријата од 250 кубици.
Битката за подиум стана пожестока на шест кругови пред крајот, кога Марко Беѕеки направи клучен потег и се осамостои на второто место, а зад себе остави неколку мотоциклисти.
Тие водеа борба до самиот крај, а како најбрз од нив се покажа Сем Лоус, кој со одличен маневар, во вториот свијок, ги претекна Реми Гарднер и Раул Фернандез.
Со ваквиот развој на настаните, во генералниот пласман води Гарднер (69 поени) пред Лоус (66), пред Раул Фернандез (63), пред Беѕеки (56) и пред Ди Џанантонио (52).
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Чави Виерхе, Аи Огура, Џоу Робертс, Арон Канет и Марсел Шротер.