Третата станица во новата година од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција е австрискиот Флахау, каде што на програмата беа петтиот и шестиот слалом во сезоната.
Имено, Флахау влезе во календарот како замена за Венген, односно за Китцбил. На овие две локации, поради пандемиолошките мерки, беше забрането секакво натпреварување.
Откако вчера, до првата победа во кариерата дојде Мануел Фелер, денес, истото му појде од рака на Себастијан Фос-Солевааг (1:46,23).
Норвежанецот водеше после првата серија и со одличното скијање ја одбрани својата предност во однос на второпласираниот Марко Шварц (+0,76).
Со скок од пет позиции во однос на првото скијање, на подиумот се пласира Алексис Пантуро (+0,95), кој беше последен скијач со заостаток под една секунда.
Историски резултат за Грција, на 11. место, направи Еј Џеј Гинис (+1,99), а солиден беше и бугарскиот претставник Алберт Попов (+2,33) на 15. позиција.
Од друга страна, во првите десетмина завршија уште: Лоик Мејар (+1,14), Фабио Гштрајн (+1,15), Лука Ерни (+1,31), Хенрик Кристоферсен (+1,36), Кристофер Јакобсен (+1,39), Рамон Ценхојзерн (+1,66) и Михаел Мат (+1,81).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images