Седмиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки по вторпат се одвиваше во германскиот Оберхоф.
На денешната програма беше седмата трка во две серии во женска индивидуална конкуренција, односно деветта во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови од Инсбрук и од Винтерберг.
До првата овосезонска победа, после шесте втори места, дојде водечката во генералниот пласман – Натали Гајзенбергер.
Германката и во првата и во втората серија го сруши рекордот на патеката, кој сега изнесува 41,009 секунди.
На второто место после двете серии се пласира Маделен Егле (+0,228), а Ана Берајтер (+0,236) направи напредок од петтата до третата позиција.
Во заостаток помал од половина секунда се наоѓаа Татјана Иванова (+0,268), Јулија Таубитц (+0,363) и Викторија Демченко (+0,426).
📸 Jamie Squire/Getty Images



