Четвртиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвива во германскиот Винтерберг, а на денешната програма беше санкањето во парови во машка конкуренција.
Во првата серија, Германските парови составени од Тобијас Вендл и од Тобијас Арлт, односно од Тони Егерт и од Саша Бенекен (+0,072) ги заземаа првите две позиции, додека Русите Александр Денисев и Владислав Антонов (+0,125) беа третопласирани.
Големо потрфлување имаа водечките во генералниот пласман Томас Штој и Лоренц Колер (+0,545), како и нивните сонародници Јаник Милер и Армин Фраушер (+0,785).
Во втората серија, Вендл и Арлт ја запишаа првата победа сезонава, одбранувајќи ја предноста од првата серија во однос на второпласираните Егерт и Бенекен (+0,040). Одлична втора серија имаа браќата од Летонија, Андрис и Јурис Шикс, кои, од седмата, дојдоа до третата позиција (+0,242).
Нивните сонародници, Оскарс Гудрамович и Петерис Калнинс (+0,296) го освоија денешното четврто место, а пласманот во топ 5 го комплетираа Денисев и Антонов (+0,362).