Во македонското фудбалско првенство заврши есенскиот дел, а најголема непознаница е дали и како најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе продолжи во пролетната полусезона. И додека во Вардар владее беспарица, од таборот на српскиот првак Црвена Звезда, се пофалија за успесите.
Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ како за крај на 2020 година ги сумираше големите успеси кои овој клуб ги направи во претходните неколку сезони. Терзиќ се пофали дека за шест и пол години, Црвена Звезда заработила 130 милиони евра.
Првиот човек на Звезда потсети дека во изминативе неколку сезони тимот направи големи успеси на меѓународна сцена, додека на домашен план е повторно атак на шампионската титула.
Четири пати белграѓани играа во групната фаза од натпреварувањата на УЕФА и се соочија со големи клубови како: Арсенал, Ливерпул, ПСЖ, Тотенхем, Баерн Минхен, Наполи, а сега и Милан. Два пати Црвена Звезда беше дел и од европската пролет.



