Претпоследната станица од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција пред Светското првенство беше францускиот Шамони, каде што се одржаа осмиот и деветтиот слалом во сезоната.
Накрај, двете серии поминаа во знакот на вчерашниот трагичар, Хенрик Кристоферсен, кој триумфираше по вторпат сезонава.
На втората позиција се пласираше Рамон Ценхојзерн (+0,28), а третопласиран беше неверојатниот Сандро Симоне (+0,66), кој од триесеттата позиција дојде до првиот подиум во кариерата.
Во продолжение, сите останати натпреварувачки заостануваа над една секунда, a во топ 10 завршија: Виктор Муфа-Жанде (+1,03), Адријан Пертл (+1,03), Марко Шварц (+1,28), Џулијано Рацоли (+1,29), Алексис Пантуро (+1,31), Манфред Мелг (+1,31) и Кристофер Јакобсен (+1,38).
📸 Marco Tacca/AP