Ски скокачите од Светскиот куп, при нормални услови, во овој викенд, требаше да се натпреваруваат во јапонскиот Сапоро. Сепак, поради рестрикциите, останаа во Германија, односно во Клингентал.
Денес, исто како и на вчерашните квалификации, доминираше Халвор Егнер Гранеруд, кој славеше по деветти пат сезонава.
Полјакот Камил Штох успеа да се искачи на второто место, а до првиот подиум во кариерата дојде Словенецот Бор Павловчич, пред сè поради скокот од 142,5 метри во втората серија.
Во првите десет се пласираа уште: Пјотр Жила, Анже Ланишек, Давид Кубацки, Пиус Пашке, Роберт Јохансон, Маркус Ајзенбихлер и Јукија Сато.
📸 Damian Klamka/SOPA Images/LightRocket via Getty Images