сабота, јуни 25, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Спортски колумни

Прим. Д-р Бојчески: Исхраната и науката за исхраната – НУТРИЦИЈА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 7, 2021
📁 Спортски колумни

Порталот www.javisejuzna.mk во соработка со Прим. Д-р Оливер Бојчески Спец. по спортска и трудова медицина започнува да објавува спортски колумни за исхраната во спортот, спортските повреди и кардиологијата во спортот кои ќе бидат од голема корист и за професионалните спортисти и за лицата кои се бават аматерски со спорт

Фактот дека преку храната се добива енергија ни укажува на значењето за проучување на исхраната како посебна научна дисциплина од која зависи нашиот живот, здравје и можноста за изведување физичка односно спортска активност.

Што е Нутриција ?

Нутритицијата е наука која ги проучува сите заемни врски кои се јавуваат помеѓу човечкиот организам и храната која ја внесуваме.

Што е храна ?

ХРАНАТА претставува збир на хранливи материи кои ги внесуваме во нашиот организам со цел одржување на животот, за раст, развој и одвивање на физичка активност. Храната која ја внесуваме може да биде од растително и животинско потекло

Кои се хранливи материи ?

Постојат 6 (шест) големи класи хранливи материи: јаглехидрати (шеќери), масти (липиди), белковини (протеини), вода, минерали и витамини.

Која е целта на исхраната, односно која е функцијата на хранливите материи
(храната) за нашиот организам?

Хранливиите материи извршуваат три основни функции во нашиот организам.

  1. Храннливи материи кои обезбедуваат енергија за човековиот метаболизам.
    Главни и основни енергетски хранливи материи се јаглехидратите и мастите.
    Протеините, само под одредени услови, можат да служат како енергетски
    супстанции, додека витамините, минералите и водата не се извор на
    енергија.
  2. Хранливи материи кои се користат за раст, развиток, изградба и обновување
    на нашето тело.
    Во ова група спаѓаат сите хранливи материи, при што протеините, водата и
    одредени минерали ја имаат главната улога.
  3. Хранливи материи кои се користат за помош во регулација на метаболизмот
    и телесните процеси (ензими, хормони и др.).
    Протеините, витамините и минералите претставуваат основни регулаторни
    материи

ШТО ПРЕТСТАВУВА СПОРТСКАТА ИСХРАНА?
Спортската исхрана (нутритиција) е релативно новаг ранка на општата нутритиција и се состои во примена на нутритиционални принципи со цел зголемување на спортските можности.


Оваа дефиниција, според спортските нутритиционисти, се состои во примена на стратегија во исхраната со цел постигнување добро здравје на спортистот,
адаптација на тренингот, зголемување на енергетските депоа, давање оптимални можности за време на натпреварување, брзо опоравување после вежби и др.

ПРАКТИЧНА ПРЕСМЕТКА
СО КОЛКУ КАЛОРИИ УЧЕСТВУВААТ ПОЕДИНЕЧНИТЕ ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ ВО СЕВКУПНАТА ДНЕВНА ЕНЕРГЕТСКА И СТРУКТУРНА ПОБАРУВAЧКА?

Врз основа на општата поделба за процентуална застапеност на енергетските хранливи материи, ќе можеме да добиеме со колку калории учествуваат поединечните хранливи материи во севкупната дневна енергетска и структурна побарувачка.

  1. Јагленхидрати учествуваат со 1450 – 2030 kcal (50 – 70% од 2900 =1450 –
    2030)
  2. Масти = 580 – 870 kcal (20 – 30% од 2900 = 580 – 870 kcal)
  3. Протеини = 290 – 580 kcal (10 – 20% од 2900 = 290 – 580 kcal)
    Според овие пресметки, во севкупната енергетска побарувачка од 2900 kcal,
    јаглехидратите даваат 1450 – 2030 kcal, мастите 580 – 870 kcal и протеините 290 –
    580 kcal.
    Среден збир 1700 kcal (јаглехидрати) + 650 kcal (масти) + 550 kcal (протеини)
    = 2900 kcal.
    ОД КОИ ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ И ВО КОЛКАВ ПРОЦЕНТ ЈА ДОБИВАМЕ
    ЕНЕРГИЈАТА ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА СПОРТИСТОТ?
    Пр.: доколку севкупната енергетска побарувачка кај спортистот кој имаше
    тренинг во кантри крос трчање изнесуваше 2900 kcal, тогаш треба да се пресмета со
    колку калории учествуваат јаглехидратите, мастите и протеините

TEСТ ПРАШАЊА

  1. Колку енергија во калории се потребни за задоволување на основната
    енергетска побарувачка?
    а) в) 500 – 1000 1000 – 2000
    б) г) 3000 – 4000 2000 – 3000
  2. Од кои фактори зависи колкава количина енергија ќе биде потребно за
    функционирање на нашиот организам во услови на изведување на физичка
    активност?
    а) видот на физичката активност в) времетраењето на физичката
    активност
    б) интензитетот на физичката г) сите наведени
    активност
  3. Дали витамините, минералите и водата претставуваат енергетски горива?
    a) да б) не
  4. Дали протеините имаат улога на енергетско гориво?
    a) да (но само б) не (никогаш)
    при одредени услови)
  5. Основно енергетски горива за нашиот организам се јаглехидратите и
    мастите?
    a) b) да не
  6. Со колкав процент треба да бидат застапени јаглехидратите во спортската
    исхрана?
    а) в) 7 40 – 50% 50 – 0%
    б) г) 20 – 30% 10 – 20%
  7. Со колкав процент треба да бидат застапени протеините во спортската
    исхрана?
    a) 40 – 50% 50 – 60% в)
    b) 20 – 30% 10 – 20% г)
  8. Со колкав процент треба да бидат застапени мастите во спортската
    исхрана?
    a) 40 – 50% 50 – 60% в)
    б) г) 20 – 30% 10 – 20%

Одговори: 1в, 2г, 3б, 4а, 5а, 6в, 7г, 8б

Извадок од книгата: ИСХРАНА ВО СПОРТОТ -прирачник за спортисти и тренери –

Автори:
Оливер Бојчески Д-р Спец. по спортска и трудова медицина ЈЗУ Здравствен дом – Струга
Доц. Д-р Хујнор Кица Факултет за физичка култура Државен Универзитет
Тетово
Марина Бојческа, Д-р Спец. по спортска медицина ОСУ Нико Нестор – Струга

Tags: СПОРТСКИ КОЛУМНИ
ShareTweet
Претходна вест

Кожуф подобар од Кит-Го Пехчево за прв триумф после еден месец

Следна вест

(ВИДЕО) ,,Петарда” на Салават во единствениот денешен натпревар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Спортски колумни

ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2022
Колумна: Дали одбојката ќе го детронизира фудбалот во Турција?
Спорт

Колумна: Дали одбојката ќе го детронизира фудбалот во Турција?

✏️ Епов Насе
01/Фев/2022
Прим. Д-р Бојчески: Енергија за физичка (спортска) активност
Спортски колумни

Прим. Д-р Бојчески: Енергија за физичка (спортска) активност

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Дек/2021
Марјан скромниот дечко од Негорци кој внесе многу позитивна енергија во спортот во Струга
Спортски колумни

Марјан скромниот дечко од Негорци кој внесе многу позитивна енергија во спортот во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2021
Следна вест
(ВИДЕО) ,,Петарда” на Салават во единствениот денешен натпревар

(ВИДЕО) ,,Петарда" на Салават во единствениот денешен натпревар

Последно

(ВИДЕО) Карлтон влезе во битката за првото место со триумфот над Фриментл

(ВИДЕО) Астрос со победа над Јенкис во дербито на Американската лига

(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо

ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни замина од Дерби Каунти

Ротерам остана без најдобрите стрелци, но брзо пронајде замени

(ВИДЕО) Сензација на Вест Коуст за втор овосезонски триумф

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.