
На осум од последните девет меѓусебни дуели, Сибир Новосибирск дојде до триумф против Барис Нур-Султан.
Сепак, на јубилејниот десетти двобој од почетокот на 2020 наваму, казахстанските претставници го победија Сибир со 2-1 после продолжение.
После 36 секунди од втората третина, Дарен Дитц постигна пауер-плеј погодок и им донесе водство на домаќините, а во втората половина од истиот период, Виктор Комаров израмни на 1-1.
Во продолжението, после четири минути игра, Куртис Волк го надмудри голманот Хари Сатери и им донесе победа на Казахстанците со нов пауер-плеј погодок.
Сатери, сè до тој момент, беше одличен со 32/33 одбранети удари, кои сепак не беа доволни за конечен триумф.
На табелата на Истокот, Барис го зазема осмото, а Сибир – деветтото место.



