Во рамките на полуфиналето на Шкотскиот Куп одиграно беше вкупно 326. компетитивно дерби на Единбург.
Истото го сочинуваат двата најстари клубови од главниот град на Шкотска – актуелните второлигаши Хартс и реномираните прволигаши Хиберниан.
Двете екипи негуваат историско ривалство, кое датира уште од 1875 година.
На денешниот меч, Хартс го изборија второто финале по ред, каде што ќе го чекаат победникот од мечот помеѓу Селтик и Абердин.
Популарните ,,Џам Тартс”, денес успеаја да слават со 2-1 и тоа после продолженија.
Најпрво, Хартс поведоа со голот со глава на Крег Вајтон во шеесетата минута, а само шест минути подоцна, на ист начин израмни Кристијан Доиџ.
Хиберниан не доби чист пенал во првата минута од судиското продолжение, по што, резултатот остана 1-1.
Во првото продолжение, ,,Зелените” беа поуверливи со неколку солидни шанси и статива погодена од Алекс Гогич.
Од сто и седмата до сто и единаесеттата минута, беа досудени два контроверзни пенали, по еден и на двете страни.
Најпрво, Кевин Нисбет погоди пречка и не успеа да му донесе предност на Хиберниан, а четири минути подоцна, Лиам Бојс го матира голманот Офир Марсијано за конечни 2-1 во корист на Хартс.
Хартс се пласираа во финалето на Шкотскиот Куп вторпат по ред. Дефинитивно, популарните „Џам Тартс“ ќе ја посветат победата на нивниот поранешен играч, Мариус Жалиукас, кој настапуваше за клубот од Единбург од 2007 до 2013, а почина денес на 36-годишна возраст. Имено, Литванецот беше капитен на Хартс во 2012, кога го освоија токму Шкотскиот Куп. Во финалето, Хартс ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Селтик и Абердин.