Никола Костески одигра уште еден маестрален меч во дресот на Линц и конечно стигна до првата победа оваа сезона во Австрија со 26-30 нагости против Брегенц!
После мечот во кој Никола Костески блескаше со 6 голови, 2 асистенции и 3 украдени топки сосема заслужено ја доби наградата за играч на мечот.