Деновиве добивме неколку новости поврзани со МотоГП. Како најударни се дефинитивно враќањето на Марк Маркез и новите договори во тимот на ,,Прамак”.
- Марк Маркез ќе биде во ,,аут” уште најмалку два-три месеци по повредата претрпена непосредно пред првата трка во Херез. Повредата, навидум не изгледаше опасно, па актуелниот шампион се врати на патеката после само пет дена. Токму тогаш дојде до оптоварување и влошување на состојбата што сè уште го ,,прогонува” возачот на ,,Хонда”.
- ,,Прамак Дукати” ги продолжи соработките со Жоан Зарко и со Франческо Бањаја. Договорот со Џек Милер беше продолжен порано што значи дека останува една слободна позиција. Според шпекулациите, четврти возач на овој тим за 2021 би можел да биде Хорхе Мартин или Енеа Бастијанини од Мото 2.