Трката за големата награда на Штаерска се возеше на истата патека од претходниот викенд -,,Ред Бул Ринг” во Шпилберг, Австрија.
До првата победа во Мото 2 дојде Марко Беѕеки!
Италијанецот славеше поради казната на провизорниот победник, Хорхе Мартин, за напуштање на патеката при излезот од осмата кривина во последниот круг. Поради ова, Шпанецот, од првата, беше спуштен на втората позиција, односно го замени местото со Беѕеки. Како третопласиран заврши Реми Гарднер.

Челестино Виети ја запиша првата победа во кариерата!
Италијанецот ја освои трката за големата награда на Штаерска во Мото 3 категоријата, пред Тони Арболино и Аи Огура. За Арболино, ова беше втор подиум сезонава, а за Огура – петти.
Сè уште, водечки во генералниот пласман е Алберт Аренас, кој заврши петти. Најголемиот профит за Аренас беше паѓањето на неговиот најблизок конкурент, Џон МекФи, во претпоследниот круг.



