
Овогодинешното 121. издание на англискиот Челенџ луп во рагби лиг беше освоено од страна на Виган Вориорс.
Имено, за ,,Воините”, ова е рекордна дваесетта титула во истото натпреварување и прва после 2013.
Во големото финале, Виган беше подобар со 16-14 од Хадерсфилд, кој ја бараше првата круна после 1953.
После првото полувреме, Хадерсфилд водеше со 10-6, но Виган стигна до трофејот преку серијата од 10-4 во вториот период.
За поразениот состав, еден пенал погоди Туи Лолохеа, а по еден есеј постигнаа Рики Леутеле (16′), Крис МекКвин (33′) и Џермејн МекГилвери (57′).
Од спротивниот табор, Хари Смит имаше едно положување (25′) и две конверзии, а по еднаш, топката во противничката енд-зона ја внесоа Џеј Филд (42′) и Лиам Маршал (76′).
На патот до финалето, Виган ги елиминира Салфорд (20-0), Вејкфилд Тринити (36-6) и бранителите на насловот – Ст. Хеленс (20-18).
Од друга страна, Хадерсфилд беше подобар од Бероу (30-16), од Хал ФК (24-16) и од Хал КР (25-4).