
Во дербито на единаесеттото коло од англиската Лиг 2, Лејтон Ориент го порази Бероу на гостински терен со 0-2.
Имено, Лејтон, на чело со тренерот Ричи Веленс, го има најдобриот старт во историјата на лигата со девет победи и едно реми на првите десет средби и гол-разлика од 18-4.
На денешната средба, во првото полувреме погоди Пол Смајт (36′), а во вториот дел реализираше Идрис Ел Мизуни (75′) за првпат во новата средина.
До крајот, домаќините останаа со десетмина на теренот, откако два брзи жолти картони доби Џош Кеј на три минути пред крајот.
Со новите три бода, Лејтон Ориент остана на врвот, додека Бероу падна на четвртата позиција поради победите на Стивениџ и на Нортемптон.