По срамниот и сензационален пораз на Барселона од Баерн Минхен со резултат од 8:2, во Барселона се случуваат тектонски промени во кои што прв на удар и отказно решение е тренерот Кики Сетиен, а втор кој ќе добие отказ е спортскиот директор Ерик Абидал. Французинот е една година на оваа функција и нема некое значајно влијание врз тимот.
Абидал успеа да донесе две засилувања и тоа: Голманот Нето и бразилецот од Бетис, Жуниор Фирпо. Освен тоа успе да додели и отказ на претходникот на Сетиен, Валверде кој што во тој период беше на чело на табелата во Примера.



