Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, е изненадувачката информација која ја објавија некои српски медиуми. Актуелниот договор на селекторот Игор Ангеловски истекува во четврток, а од ФФМ досега најавуваа дека нема да разговараат со Ангеловски за продолжување на нов договор се додека не истече актуелниот.
ФФМ остави простор за шпекулации, а таква доаѓа од Србија. Доколку е вистина дека човекот кој го врати Горан Пандев во националниот тим и ги однесе ,,Рисовите” на Европско првенство нема да ја води репрезентацијата, тоа ќе биде големо изненадување, веројатно ќе се покаже и како голема грешка. Просинечки во минатото беше селектор на Азербејџан и на Бих.
