Третата етапа од Тур д Ски, во рамките на Светскиот куп во крос-кантри, се одржа во Оберстдорф (Германија) на десет километри.
Во машка конкуренција, репрезентацијата на Норвешка оствари хет-трик на подиумот, а хет-трик од победи на турнејата направи Јоханес Клебо (21:38,5).
Имено, Норвежанецот стана само вториот скијач, после Сергеј Устиугов од пред шест години, со три победи на првите три етапи од Тур д Ски.
Зад него се пласираа неговите сонародници Симен Хегштад Кругер (+12,4) и Дидрик Тонсет (+22,4), а заостаток до половина минута имаа уште Кале Халфварсон (+24,9), Паал Голберг (+26,9) и Бен Огден (+30,0).
Кај дамите, најбрза беше Фрида Карлсон (24:53,3), која триумфираше по третпат во сезоната.
За разлика од машката трка, овде, единствената Норвежанка на пиедесталот беше Ане Шерсти Калваа (+18,1) на третата позиција, а второпласирана беше Финкињата Криста Пармакоски (+16,6).
Водечката во генералниот пласман, Тирил Уднес Венг (+20,0), заврши како четврта, а пласманот во топ 5 го комплетираше Керту Нисканен (+40,7).