Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 часот во Скопје, Ракометната федерација на Македонија ќе организира вистински спектакл како одбележување на 30 години од формирањето на машката репрезентација, но тоа ќе биде и натпревар во кој ќе се поздрават легендите кои се збогуваа од националниот дрес.
По „натпреварот на деценијата“, нашите најдобри ракометари ќе отпатуват за Пореч каде на 6 и 7 јануари ги очекува настап на „Кроација куп“ каде што покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и селекцијата на Израел.