
Марко Одермат (2:19,64) славеше на последниот овосезонски велеслалом, одржан во Солдеу (Андора) и се закити со малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
За Швајцарецот, ова беше тринаесетта овосезонска победа што претставува израмнување на рекордот за најмногу триумфи во една сезона, кој го држи заедно со Ингемар Стенмарк, со Херман Мајер и со Марсел Хиршер.
Исто така, Одермат дојде до бројка од 2042 поени во Светскиот куп во 2022/23 – достигнување, кое е нов рекорд, поминувајќи ги легендарните 2000 бодови на Херман Мајер од 1999/00.
До второто и до третото место дојдоа Хенрик Кристоферсен (+2,11) и Марко Шварц (+2,29), кои напреднаа шест, односно осум позиции.
Од останатите скијачи, пласманот во топ 5 го комплетираа Лукас Бротен (+2,38) и Томас Тумлер (+2,56).