Во рамките на 12 коло се судрија ,,тешкашите” ЖФК Скопје и ЖФК Деспина од Прилеп, две екипи кои претендираат за шампионската титула. Иако беше дерби, имаше набој и желба за успех, сепак натпреварот помина во фер и коректна атмосфера.
Иако немаше голем број на шанси, се играше претежно на средината на теренот и крајниот резултат од 0:0 е можеби најреалниот исход. Бодовите и повеќе погодоци ќе се бараат на следните првенствени натпревари.