Неверојатни возбудувања донесе трката во Арагон во категоријата до 125 кубици, односно во Мото 3.
До првата овосезонска победа, воедно втора во кариерата, дојде Хауме Масија со своето неверојатно издание и напредокот од дури шеснаесет позиции во однос на стартната.
На второто место, со заостаток од само 0,091 секунди, се пласира Дерин Биндер, а до првиот подиум во кариерата стигна Раул Фернандез.
Романо Фенати ја зазеде четвртата позиција, а Џон МекФи и покрај казната со долг круг, сепак го заокружи пласманот во најдобрите пет возачи.
Водечкиот во генералниот пласман, Алберт Аренас, заврши седми (веднаш позади Џереми Алкоба), но не загуби многу поради фактот дека Аи Огура (14), Челестино Виети (9) и Тони Арболино (во самоизолација) не освоија многу поени.
Во вкупниот поредок, ситуацијата изгледа вака:
- Алберт Аренас (144 поени)
- Аи Огура (131 поен)
- Челестино Виети (126 поени)
- Тони Арболино (115 поени)
- Џон МекФи (109 поени)
- Хауме Масија (108 поени)



