Сезоната 2020/21 од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција заврши со денешниот велеслалом во Ленцерхајде, Швајцарија.
На него, победата ја однесе Алис Робинсон (2:19,48), која славеше по третпат во својата кариера.
По вторпат во два дена, Микаела Шифрин (+0,28) го освои второто место, а до четвртиот подиум во кариерата стигна Словенката Мета Хроват (+0,48).
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Федерика Брињоне (+1,29), Мишел Гизин (+1,31), Катарина Линсбергер (+1,37), Марта Басино (+1,45), Сара Хектор (+2,01), Теса Ворли (+2,61) и Марина Гасиеница Даниел (+2,86).
Во поредокот за малиот кристален глобус во оваа дисциплина славеше Марта Басино, додека до вкупната титула дојде Петра Влхова.
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images



