Дел од организаторите на Трка на поезијата во Струга во соработка со Спортски центар Форма Вита денес симболично истрчаа 5км посветени за поддршка на лицата со даунов синдром, по повод одбележување на 21.Март светскиот ден на лица со даунов синдром.

Целта на нашето здружение е да поттикнеме повеќе луѓе да се вклучат во спортски активности, истовремено земајќи учевство во мисијата “Преку физичка активност да го промениме светот”.

Традиционално секоја година дневниот центар за лица со попреченост “Порака Нова” од Струга е организатор на официјална натпреварувачка трка посветена на лицата со даунов синдром, но годинава поради пандемијата беа спречени во организацијата. Се надеваме дека следната година ќе бидеме сите заедно учесници на нивната традиционална трка.






