
Во триесет и третото коло од италијанската Серија Б, Комо испушти важни бодови во битката за опстанок.
Имено, на првиот меѓусебен дуел на стадионот ,,Сан Никола” после 2016, гостите ремизираа против Бари со 2-2.
,,Сините” дојдоа до двојно водство од 0-2 уште во првото полувреме, кога Николас Јоану (18′) и Патрик Кутроне (26′) го совладаа Елија Каприле.
Сепак, во вториот дел, Валид Кедира (49′) го преполови дефицитот на ,,Петлињата”, а бод им донесе Валерио Ди Чезаре (90+5′) длабоко во судиското надополнување.
На табелата, Бари го зазема петтото место, додека Комо се наоѓа на дванаесеттата позиција.