
Блекбурн Роверс влегоа во фудбалската историја како единствена екипа, која немала ниедно лигашко реми после половина од сезоната.
Имено, Роверс ја продолжија оваа низа и во 2023, откако во дваесет и шестото коло од Чемпионшип го совладаа Кардиф со минимални 1-0.
За фудбалерите од ,,Ивуд Парк”, ова беше четиринаесетти триумф во сезоната и прв после низата од два порази.
Човек на одлуката за домаќините беше Бредли Дак (48′), кој го совлада Рајан Алсоп по асистенција на Бен Бреретон Диаз.
На табелата, Блекбурн го задржа третото место, оставајќи го Кардиф на дваесеттата позиција.