вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Пинг понгот повторно се враќа во салите

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
август 23, 2020
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Последното официјално случување на пинг понгарската сцена беше некаде во средината на март, кога се одиграа натпреварите од десоттото коло во најелитното лигашко натпреварување.Од тогаш исто како и другите спортови поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, беа откажани сите официјални натпревари. Воедно со тоа прекинаа и тренинзите на клубовите.

По речиси пет месечна пауза со добивањето на одобрението за продолжување на активностите во пинг понгот од страна комисијата за заразни болести, пинг понгот се враќа онаму каде што му е местото, во спортските сали. Клубовите добија дозвола да го започнат својот процес на тренинзи, а федерацијата да ги организира планираните натпреварувања, при што треба строго да се почитуваат здравствените протоколи за борба против пандемијата предизвикана од Ковид 19.

Иако поради пандемијата пинг понгарската федерација не беше во можност да ги реализира проектите кои беа предвидени, тоа не значеше престанување на активностите за подготовка на проектите кои ќе следуваат во иднина. Во тој период раководството на пинг понгарската федерација имаше засилена комуникација со одделот за развој на меѓународната пинг понгарска федерација. Плод на таа комуникација се неколку проекти кои ќе се реализираат во нашата држава.

 За семинарот за обука на тренери екипите покажаа голем интерес, што покажува и фактот дека најмладиот учесник на семинарот за обука на тренери има само 18 години. Сите учесници на семинарот за тренери по завршувањето на предавањата ќе добијат сертификат за тренер, прво ниво.За поуспешна реализација на семинарот ИТТФ испраќа свој претставник, французинот Николас Гуигон  стучно лице од областа за обука на тренери, кој ќе ги реализира предавањата на семинарот.

 На тренинг кампот за млади играчи националниот селектор на пинг понгарските репрезентации ги покани најдобро рангираните играчи од младинските категории.Пинг понгарскиот камп ќе се одржи во хотелот Гогов во Пехчево, а дека пинг понгот полека но сигурно излегува од спортовите кои се маргинализирани покажува и фактот дека има интерес да се излезе во пресрет во реализацијата на ваков вид проекти.

 За  реализацијата на овој проект несебично на пинг понгарската федерација и помогнаа општина Берово и компанијата Кожувчанка. После завршувањето на пинг понгарскиот камп Пехчево, на 13 септември започнуваат натпреварите во републичките екипни лига првенства како и рангирните турнири во поеднинечна конкуренција.

 Новитет во натпреварувачката сезоната 2020/21 е формирањето на јуниорска лига.  Сите активности кои се предвидени во блиска иднина од страна на пинг понгарската федерација се во насока на зголемување на бројот на стручни лица и нивна едукација, како и усовршување на техниката кај младите играчи со цел македонскиот пинг понг да биде поконкурентен на меѓународната сцена.

Share7Tweet
Претходна вест

Димитар Јованоски државен првак во две дисциплини

Следна вест

Атлетика: Целосен преглед на митингот во Стокхолм

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички
Кошарка

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Ное/2026
Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Следна вест

Атлетика: Целосен преглед на митингот во Стокхолм

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.