Димитар Јованоски велосипедист и триатлонец од Струга успеа да оствари две победи на државните натпревари организирани од страна на Велосипедската федерација на Македонија.
Во петокот (21.08) Димитар триумфираше на државниот натпревар во Хронометар 20 km. Денес успеа да победи на Државното друмско првенство во должина од 120 km.