понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Атлетика: Целосен преглед на митингот во Стокхолм

Епов Насе ✏️ Епов Насе
август 23, 2020
📁 Останато, Спорт

Денес, атлетската публика можеше да ужива во митингот во Стокхолм што е дел од најквалитетната Дијамантска атлетска лига. Настанот изобилуваше со интересни моменти, од кои, најмногу се истакнува нападот на светскиот рекорд на 400 метри со пречки, каде што Карстен Вархолм, за „влакно“ не ја истрча најбрзата трка во историјата на овој настан. Интересен беше и нападот на Арманд Дуплантис на светскиот рекорд во скок со стап на отворено на Сергеј Бубка што изнесува 6,14 метри. Целосен преглед на сите настани од денешниот митинг, можете да најдете во продолжение:

100 метри (жени)
Ајла Дел Понте славеше на најбрзата женска трка со време од 11,20 секунди, пред Холанѓанката Марије Ван Хуненстајн (11,28). Мари-Жозе Та Лу беше третопласирана со 11,32, а исто време, но со разлика од неколку илјадинки, постигнаа Ребека Хаасе и Гина Ликенкемпер. 

200 метри (мажи)
Адам Џемили, со 20,61 секунда, славеше на најбрзата машка трка на овој митинг. Британецот ја помина целта пред Феликс Свенсон и Силван Вики коишто имаа време од 20,75 секунди. 

400 метри (жени)
Ваделин Џонатас од САД победи на „скромната“ трка со време од 51,94 секунди. На второто и третото место завршија Лавиаи Нилсен (52,16 – најдобро лично време сезонава) и Лике Клавер (52,35). 

400 метри (мажи)
Карстен Вархолм дојде до втората победа денес, но овој пат на 400 метри без пречки. Норвежанецот го истрча своето најдобро време сезонава од 45,05 секунди што беше подобро од второпласираниот Словенец Лука Јанежич (45,85) и третопласираниот Јохем Добер (46,23). 

800 метри (мажи)
Очекуван триумф на Донован Бразир со време од 1:43,76, кој зад себе ги остави Марко Ароп (1:44,67) и Андреас Крамер (1:45,04). Третиот, четвртиот и петтиот натпреварувач, односно Крамер, Фергусон Черуијот Ротич (1:45,11) и Весли Вазкез (1:45,88), остварија свое најдобро време во оваа сезона.

800 метри (жени)
Џема Рики од Велика Британија победи на оваа трка со време од 1:59,68 минути, односно нешто помалку од две секунди во однос на светската вицешампионка Ревин Роџерс (2:01,02 – најдобар личен резултат сезонава) и на Норвежанката Хеда Хине (2:01,44). 

1500 метри (жени)
Британката Лаура Мур го постави најдоброто светско време во оваа сезона со 3:57,86 минути. Освен неа, на подиумот завршија уште две нејзини сонароднички – Лаура Вајтман (4:01,62 – лично најдобро време во оваа сезона) и Мелиса Куртни-Брајант (4:01,81 – личен рекорд). 

1500 метри (мажи)
Можеби најелитната трка од денешниот настан беше трката на 1500 метри. Како победник, накрај излезе Кениецот Тимоти Черијот со време од 3:30,25 минути, односно само 0,49 секунди побрзо од Норвежанецот Јакуб Ингебригтсен (3:30,74). Австралиецот Стјуарт МекСвејн го истрча своето најдобро време во кариерата (3:31,48) што му ја донесе третата позиција.

100 метри со пречки (жени)
На оваа трка беше соборен националниот рекорд на Данска, кој сега изнесува 13,13 секунди што воедно беше доволно „само“ за третото место на коешто заврши Мете Граверсгаард. На втората позиција се најде Лота Харала со личен рекорд од 13,07, а победничката Луминоза Бољоло беше единствената што истрча за помалку од тринаесет секунди т.е. 12,88.

400 метри со пречки (жени)
Фемке Бол, со 54,68 секунди, беше најбрза на оваа трка. Холанѓанката ги претекна Ана Рижикова (55,19), Амалие Иуел (55,92) и Сара Слот Петерсен (56,30), кои ги поставија своите најдобри времиња во тековната сезона.

400 метри со пречки (мажи)
Карстен Вархолм истрча неверојатна трка за време од 46,87 секунди, односно само девет стотинки послабо од светскиот рекорд на Кевин Јанг стар над дваесет и осум години. Можеби клучниот елемент за изгубените стотинки на Вархолм беше допирот со последната пречка. Сепак, Норвежанецот, со новиот европски рекорд, беше убедливо прв со над две секунди предност во однос на второпласираниот Вилфред Хапио. На третото место заврши Лудви Вајан.

Скок во далечина (мажи)
Нови правила важеа за ова натпреварување – најдобрите тројца после петте серии се натпреваруваа во шестата серија, чиишто резултат се мереа како посебни. Домашниот натпреварувач, Тобијас Монтлер, скокна 8,13 метри, но сепак не го победи натпреварувањето. Победник беше Русвал Самааи, кој скокна 8,09 метри во последната серија. Причината за победата на Јужноафриканецот беше подобриот скок во последната серија во однос на Монтлер, кој скокна 8,06. Кристијан Пули од Финска беше третопласиран со 8,02 метри. Хрватот, Марко Чеко, беше петти со резултат од 7,80. 

Скок во далечина (жени)
Отсуството на Ивана Шпановиќ донесе значително ослабување на конкуренцијата, но тоа не го намали интензитетот на натпреварувањето. И овде важеа истите правила како кај мажите, па до победата дојде Марина Бех-Романчук со прескокнати 6,85 метри. Колумбијката Катерин Ибарген беше втора (6,61), а Кади Сања, со 5,73 метри во последната серија, го зазеде третото место. Сепак, Сања постави личен рекорд при својот втор денешен скок, кој изнесуваше 6,83 метри. Резултатите од финалните серии на првите две натпреварувачки, воедно беа нивни најдобри резултати сезонава. 

Скок во висина (жени)
Најдоброто време сезонава, од точно два метри, беше доволно за младата Украинка, Јарослава Махучих, да дојде до посакуваната победа и зад себе да ги остави Јулија Левченко (1,98) и Никола МекДермот (1,93). 

Скок со стап (мажи)
Светскиот шампион, Сем Кендрикс, го заврши својот настап на третата позиција со прескокнати 5,53 метри. За победата се бореа Белгиецот Бен Брудерс и светскиот рекордер во сала – Арманд Дуплантис. Брудерс заврши како второпласиран со најдобар личен резултат сезонава од 5,73, додека Дуплантис очекувано славеше на домашен терен со 6,01 што воедно е и рекорд на митингот.

Скок со стап (жени)
Словенката Тина Шутеј успеа да ја освои третата позиција со скок од 4,52 метри. Швеѓанката Анџелика Бенгтсон, со висина од 4,62 метри, ја зазеде втората позиција, а до победата стигна Британката Холи Бредшоу со 4,69 метри.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Фрлање диск (мажи)
Светскиот шампион, Даниел Штол, го потврди својот епитет, откако стигна до победата на домашен терен со исфрлени 69,17 метри. На второто место се најде неговиот сонародник, Симон Петерсон, кој го постави својот личен рекорд од 67,72. Третопласиран беше Литванецот Андриус Гуджиус со 66,80. Словенецот Кристијан Чех беше четврти со резултат од 65,73. 

Tags: атлетикаДијамантска лигаСтокхолм
Share2Tweet
Претходна вест

Пинг понгот повторно се враќа во салите

Следна вест

Крикет: Светот доби нови три членови во „Куќата на славните“

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Крикет: Светот доби нови три членови во „Куќата на славните“

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.