Силекс и Пелистер одиграа нерешено на отворањето на второто прволигашко коло 2-2 во Кратово.Натпреварот се одигра порано поради настапот на Силекс наредната недела во Лигата на Шампионите.

Гостите од Битола поведоа први уште во 6.минута со голот на Фазлиу. Мустафов во 43.минута израмни на 1-1. Во вториот дел односно 53.минута, домаќините поведоа со 2-1 со голот на Ивановски, но во 73-тата Пелистер израмни на 2-2 со прекрасниот гол од слободен удар на Танушев.



