На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.
Еурофарм Пелистер без проблем славеше висока победа против Прилеп во вториот меч денеска на струшкиот ракометен турнир со 38-17. Во натпревар во кој скоро сите ракометари на Еурофарм Пелистер дадоа погодоци најефикасен беше Ненад Костески со 6 голови.



