На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.
Во последниот натпревар од денешната програма Вардар лесно и убедливо славеше против вториот тим на Еурофарм Пелистер со 33-19
Најефикасен на мечот беше крилото на Вардар, Димитар Димитриоски со 10 голови.