Втор ден во низа, Швајцарката Лара Гут-Бехрами (1:25,53) триумфираше на спустот во италијанскиот ски-центар Вал ди Фаса.
Имено, Гут-Бехрами ја покажа својата одлична форма во текот на последните два месеци со освоените два златни медали на изминатото СП, како и со шесте победи во Светскиот куп.
Нејзината сонародничка, Корин Сутер (+0,32), по вчерашното трето, денес се искачи на второто место.
Подиумот го комплетираше Германката Кира Вајдле (+0,68), која се искачи на пиедесталот за првпат после две години, односно за третпат во кариерата.
Во продолжение, под една секунда заостануваа уште: Рамона Зибенхофер (+0,76), Кајса Викоф Ли (+0,79), Лаура Пировано (+0,79), Мишел Гизин (+0,81), Јасмин Флури (+0,82) и Мари-Мишел Гањон (+0,94).
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images