Трактор Чељабинск по третпат во низа го совлада Металург Магнитогорск после продолжение, но денес со резултат од 2-3.
Металург поведе во првата третина преку Семјон Кошелев, а во вториот дел, Трактор најпрво израмни со голот на Игор Полигалов, a потоа, Сергеј Мозјакин им ја врати предноста на домаќините.
Во третиот дел, Трактор дојде до продолжение со израмнувачкиот погодок на Витали Кравцов на само осум секунди до крајот.
Во дополнителниот период, на Илја Карапухин му требаше само еден шут и 47 секунди за да му ја донесе победата, а воедно и петтата позиција на Истокот, на својот тим.
📸 metaratings.ru