
Во дваесет и деветтото коло од англискиот Чемпионшип, Мидлсброу го порази Вотфорд со 2-0.
За домаќините, ова беше прва меѓусебна победа после единаесет години, односно прва на ,,Риверсајд” од 2011 наваму.
На клупите на двете екипи стојат познати фудбалски имиња, Мајкл Керик (Мидлсброу) и Славен Билиќ (Вотфорд), кои пружија одлична тактичка битка.
Сепак, накрај, ,,Црвените” триумфираа со головите во финишот на првото полувреме, постигнати од Чаба Акпом (36′) и од Маркус Форс (45+3′).
На табелата, Мидлсброу го презеде третото место токму од Вотфорд, кој падна на четвртата позиција.




