
Во увертирата на шеснаесеттото коло од италијанската Серија Б, Перуџа ја совлада Виченца со минимални 1-0.
За составот од Умбрија, ова беше трета меѓусебна последователна победа и воедно втора во низа што заврши со ист резултат.
Двете екипи пружија изедначена игра со по пет шутеви во рамките на противничкиот гол и на двете страни.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мануел Де Лука (49′), кој се запиша во листата на стрелците по шести пат во сезоната.
Со новите три бодови, но и со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Перуџа изби на седмото место, оставајќи ја Виченца на претпоследната позиција.



