Сир Сејфти Перуџа со убедливи 3-1 успеа да го порази составот на Алијанц Милано во рамките на 18. коло од италијанската одбојкарска Серија А.
За одбојкарите на Роберто Пјаца, ова беше шести пораз во низа, при што, им следуваат два тешки дуели – заостанатиот меч со Модена и четврт-финалето на купот против Трентино.
Перуџа на овој меч покажа дека е фаворит за титулата и дека не го држи залудно првото место на табелата.
По сетови, резултатот изнесуваше 25-18, 23-25, 25-16 и 25-21.
Најефикасен одбојкар на паркетот беше Вилфредо Леон (Перуџа), кој беше избран за МВП на натпреварот, благодарение на своите 26 постигнати поени. Од неговите соиграчи, одлични беа Тајс Тер Хорст (17), Себастијан Соле (12) и Фабио Ричи (10).
Кај Милано, двоцифрени беа само Јуки Ишикава (10) и Тине Урнаут (14).
Во моментот, тимот од центарот на Ломбардија ја држи деветтата позиција на табелата, додека, како што веќе нагласивме, Перуџа го зазема самиот врв.
📸 La Notizia Quotidiana



