Интер го победи Јувентус со 2:0 во Дербито на Италија, а со играта и според шансите заслужи и многу поубедлив триумф на „Џузепе Меаца“. Домаќините беа многу подобри вечерва од најголемиот ривал во Серија А, а најава за победа стигна веќе во 13 минута кога Артуро Видал погоди со удар со глава против поранешниот тим, што им даде крилја на играчите на Интер, кои доминираа во првото полувреме.
Кога Николо Барела погоди за два гола предност во 53. минута веќе се наѕираше победникот на големото италијанско дерби. На ,,Старата дама” ќе и биде тешко да надомести негативата од 7 бода во однос на водечкиот тандем Милан и Интер кои имаат по 40 бода на врвот на табелата. Јувентус се петти со 33 бода на табелата.



