Висока победа од 10 разлика на гостувањето против Звезда Звенигород и триумф на Цска Москва на гостински терен со резултат од 27:37. Позитивата беше стекната уште во првото полувреме, а до крајот на средбата само се одржуваше предноста.
Сара Ристовска играше без грешка, постигна три гола без промашување и помогна Цска да дојде до нова победа. Во победничкиот табор најефикасна заврши Екатерина Илина со 8 гола.