Германскиот репрезентативец Хендрик Пекелер го доби признанието по големото финале против Барселона. Пикерот на Кил играше импресивна одбрана, а скоро да беше непогрешлив и во реализацијата. Неговиот тренер и поранешен играч на тимот, Јиха создаде ултра модерен пикер кој игра добро во два правци и прв трча во контра напад.
Високиот Пекелер ги засени ракометните ѕвезди од типот на: Ландин, Сагосен, Дувњак, Палмарсон, Мем, Ремили и други. Следниот завршен турнир на Лигата на шампионите, пак ќе се одигра во „Ланксес Арена“, но во традиционалните летни месеци, на 12 и 13 јуни 2021 година.



