Српски Јавор е во интензивни преговори за ангажман на играч од средниот ред од тимот на второлигашот Шамбли, а неговото име е Лоренцо Калегари. Оовј играч е екс кадетски шампион со Франција, а со ПСЖ и финалист во јуниорската Лига шампиони.
Калегари е има италијански корени, но сепак игра под француско знаме, има 22-години и може да игра како централен играч за врска. Во минатото беше во прв план и во сениорскиот тим на ПСЖ каде што има дебитирано против Анжер, а на пријателски предсезонски средби има играно против Реал Мадрид, Интер и многу други тимови.

Калегари во ПСЖ од младинскиот погон заедно се приклучи со Иконе , но жестоката конкуренција го фрли во заборав и како слободен играч во 2018 година потпиша за Џенова во тимот на Горан Пандев, а веднаш џеновјани го пратија на позајмица во тимот на Тернана.
Во Италија не се прилагоди и се врати во Франција во јули ова лето во второлигашот Шамбли и игра заедно со македонскиот репрезентативен напаѓач, Влатко Стојановски, сепак и таму до сега собра само три настапи во првиот тим.
Во пакет со Лоренцо Калегари во Јавор ќе замине и дефанзивецот Бубакари Дукуре Коне кој исто собра мал број настапи во Шамбли па и на двајцата ќе му дојде добредеојдено минутажата во српскиот прволигаш.