Новиот српски стратег на клупата на Рединг, Вељко Пауновиќ, прави чуда со популарните ,,Ројалс”.
Имено, денес Рединг го порази Ротерам со 3-0, а погодоците ги постигнаа Јаку Меите (41′ и 79′) и Лукас Жоао (90+2′ од пенал).
Со овој триумф, ,,Ројалс” дополнително го зголемија своето водство на пет поени и влегоа во историјата на Чемпионшип.
Рединг е само еден од четирите тимови што успеале да освојат вкупно деветнаесет од можниот дваесет и еден поен по воведните седум кола од сезоната. Останатите три екипи се Вулверхемптон (2008/09), КПР (2010/11) и Брајтон (2015/16).
Во прилог на Рединг му одеше и среќното реми на Бристол Сити против Свонси од 1-1.
Сите резултати од седмото коло:
Нотингем 1-1 Дерби Каунти
Вотфорд 1-1 Барнмут
Бристол Сити 1-1 Свонси
Кардиф 1-1 Мидлсброу
Ковентри 0-4 Блекбурн
Хадерсфилд 1-2 Престон
Милвол 1-1 Барнсли
Норвич 2-1 Викомб
КПР 0-0 Бирмингем
Рединг 3-0 Ротерам
Шефилд Венздеј 0-1 Лутон
Стоук 3-2 Брентфорд



