Екипата на РК Струга потпиша со одличниот среден бек Петар Бугариновиќ.
Дваесетишестгодишниот српски среден бек (190 cm, 92 kg) во екипата на Струга доаѓа од тимот на Леотар Требиње. Претходно во кариерата има настапувано за Црвена Звезда, Морава и Смедерево.
