
Пеликанс дојдоа до водство од вкупни 2-1, откако во третиот дуел од четвртфиналето, ја совладаа КалПа токму со ист резултат (2-1).
Сите голови паднаа во последните пет минути на кои им претходеше промашениот пенал на Јуусо Кононен во третата третина.
Сепак, истиот играч ја поправи грешката и со својот единаесетти овосезонски погодок им донесе водство на гостите од Куопио.
Во последната 61 секунда, ,,Пеликаните” успеаја да направат целосен пресврт, со тоа што мрежата на Јуха Јаткола, двапати ја затресе Тајлер Келер.