Најслабиот тим од минатата сезона, Аделаид Кроус, во првото коло од новата АФЛ сезона приреди сензација.
Имено, ,,Враните” на домашен терен ги надиграа вицешампионите Џилонг Кетс, кои и оваа сезона се едни од главните претенденти за титулата.
Резултатот на мечот гласеше (15.13) 103-91 (13.13) во корист на тимот од сојузната држава Јужна Австралија.
Кроус го решија овој меч уште во првото полувреме после кое водеа со (11.7) 73-35 (5.5).
Во вторите две четвртини, Џилонг покажа за нијанса подобра игра од својот ривал, но сепак недоволна за победа.
Тејлор Вокер, од редовите на Аделаид, беше убедливо најефикасен фудбалер со учинок од (5.2) што соодветствува на 32 поени.
Од неговите соиграчи, по два гола забележаа Били Фремптон (2.2), Нед МекХенри (2.1) и дебитантот Џејмс Роу (2.0).
Од спротивната страна, најпрецизни беа Том Хокинс (2.2), Ајзак Смит (2.1) и Брендан Парфит (2.0).
📸 Sarah Reed/AFL Photos via Getty Images