Британците секогаш наоѓаат креативни статистики, објави, свечености но и доделување на награди каде што ги нема на ниту едно друго место. Оваа година весникот ,,Дејли мејл” на српскиот ас Новак Ѓоковиќ му додели признание наречено – Ковидиот.
Со оваа награда сакаат да ги обележат сите оние што за време на пандемијата со Ковид19 не ги почитувале мерките или биле спротив нивните правила на однесување.
На Ѓоковиќ му припадна токму оваа награда затоа што летоска организираше турнир наречен Адриа тур кој се одржа во неколку градови од поранешните Ју простори кога беше екот на пандемијата, пред се главно се играше во Белград и Задар, а при тоа публиката не одржуваше социјална дистанца, па после овој турнир имаше многумина заразени меѓу нив и самиот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.
Во тесна конкуренција со Новак Ѓоковиќ уште беа и премиерлигашките ѕвезди и репрезентативци: Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер, Фил Фоден и Калум Хадсон Одои.



