Одличниот англичанец, Џек Вилшир веќе две години е дел од Вест Хем откако направи трансфер од Арсенал но никако да ја заживее својата кариера поради голем број на повреди. Фудбалеорт до сега за клубот има одиграно 16 натпревари.
,,Чеканите” се спремни да го задржат Вилшир, но постои реална опција играчот од средниот ред да замине на Апенините и да потпише договор со Џенова, за чиј тим настапува Горан Пандев. Во следниот период ќе се разреши дилемата каде Вилшир ќе ја продолжи кариерата.