На ,,Паркот на Принцовите” се одигра дербито на колото помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј воедно и најомразеното дерби во француската прва лига. Ова е натпревар помеѓу богаташите од Париз и сиромаштијата од јутог на Франција.
Вечерва до голем триумф стигнаа гостите со резултат од 0:1 со голот на Тован на асистенција на Паје од слободен удар. Како и по обичај нивните натпревари имаат голем набој, тензија и нервоза.
Главниот арбитар на овој меч, Брисард имаше работа во текот на сите 90 минути. Сепак во судиското надополнување на теренот настана масовна тепачка во која што судијата мораше да исклучи неколку фудбалери.
Предвреме го завршија натпреварот дури пет фудбалери од кои што тројца во тимот на ПСЖ и тоа: Курзава, Паредес и Нејмар, од кој што првите двајца влегоа во игра во вториот дел, додека во противничкиот табор црвени картони добија Бенедето и Амави.
Двата тима имаат одиграно две кола од трите кои што беа до сега одиграни и учиникот е два порази на ПСЖ и две победи за тимот на Олимпик Марсеј, навистина неочекуван старт во франциската прва лига во досегашниот тек на одигрување.



