Денвер Нагетс и ЛА Клиперс ќе мора да одиграат ,,мајсторка” за да го одредат патникот во конференциското финале на Западот.
Во шестиот натпревар, Нагетс славеа со 111-98 и ја израмнија серијата на 3-3.
Клиперс водеа во поголемиот дел од мечот, а Денвер почна да ја гради предноста во четвртата четвртина.
Најефикасен играч беше Никола Јокиќ со неверојатен дабл-дабл учинок од триесет и четири поени и четиринаесет скокови.
Кај Клиперс, Пол Џорџ беше најпрецизен со триесет и три поени.